Search

Почина и петата жртва од нападот во Стразбур, се обидел да го спречи напаѓачот да влезе во кафуле

Париското државно обвинителство синоќа ја потврди смртта на петтата жртва од нападот во Стразбур. Се работи за полски државјанин. Во нападот беа ранети 11 луѓе, меѓу кои некои се се уште во критична состојба.

„Само што не напушти мојот брат Барто Педро Орент-Ниеџиелски. Ви се заблагодарува на љубовта и силата која му ја пружавте“ напиша на Фејсбук братот на починатиот, кој бил на возраст од 36 години, роден во Полска.

Во друштво на Италијанецот Антонио Мегалици (28) кој почина во петокот и други пријатели, стоел пред кафуле, а според изјавите на неговото семејство, се обиделе да го спречат Чекат да влезе во барот.

„Беше активен во уметнички и добротворни здруженија и секогаш беше насмеан, отворен кон другите и расположен за разговор“ рекол негов колега.

Во вторникот Шериф Чекат вооружен со пиштол и нож нападна минувачи на неколку места во Стрзбур, по што успеа да побегне. По 48 часа полицијата го пронајде и го уби во населбата Неудорф, јужно од центарот на градот.

Треба да знаете
Последни објави