Search

Почина девојката на која и беше ампутирана ногата од сообраќајката кај Ласкарци

Девојката на која и беше ампутирана ногата по кобната сообраќајка кај Ласкарци каде што се преврте автобус на „Дурмо турс“ починала денес на КАРИЛ, потврдија за 24 Инфо од Клиниката.

19-годишната девојка е 16-тата жртва на кобната сообраќајка кај Ласкарци.

Пред една недела беше одреден притвор за шоферот на автобусот, раководителот и сопственикот на „Дурмо Турс“.

Гостиварскиот автобус на Дурмо Турс излета од автопатот Скопје-Тетово кај селото Ласкарци на 13 февруари. Обвинителството констатира дека причината за несреќата е брзо возење, односно наместо дозволените 80 километри на час, возачот изгубил контрола поради движење со 99 километри на час. Дополнителна причина биле неисправните сопирачки. Затоа, возачот, сопственикот и раководителот и возачот на автобусот на Дурмо Турс заработија мерка притвор. Во истрагата се опфатени и вработени во станицата за технички преглед, чиј што сопственик е истиот како и на компанијата Дурмо Турс.

Треба да знаете
Последни објави