Search

Почина Владица Поповиќ, тренерот со кој Панчев и Најдоски во Звезда ја освоија светската титула

Легендарниот поранешен фудбалер и тренер на Црвена звезда, Владица Поповиќ, почина денеска во 86. година од својот живот, објавија денеска од црвено-белиот тим.

Станува збор за стратегот со кого белграѓани дојдоа до светската титула во Токио во 1991 година со напите Илија Најдовски и Дарко Панчев во тимот, додека како играч настапуваше за овој тим во периодот помеѓу 1953 до 1966 година. Поповиќ е на петтото место на вечната листа по бројот одиграни натпревари за Ц. Звезда, со која пет пати беше шампион на поранешна СФР Југославија и освои три пехари во Купот.

Тој настапуваше уште и за Штутгарт, Штутгарт кикерс и Депортиво Канарианс од Венецуела, каде што и ја заврши играчката кариера. За репрезентацијата на СФРЈ одигра 20 натпревари.

 

Треба да знаете
Последни објави