Search

Почина актерот Трајче Иваноски

Денеска во Прилеп почина актерот и еден од доајените на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, Трајче Иваноски. Комеморација по повод смртта на Иваноски ќе се одржи утре во 11.30 ч. во театарот „Војдан Чернодрински“.

Тој е актер кој спаѓа во најангажираните творци на прилепскиот театар. Заиграл во далечната 1965 година на сцената на прилепскиот театар а во пензија заминува во 2007 година. Со оглед дека и за пензионерските денови активно учествува во тековниот репертоар на театарот, Иваноски бележи 40-есет годишно активно искуство на сцената со приближно одиграни 300 претстави. Како што ќе запишат критичарите во неговиот богат и плоден театарски опус влегуваат поголем број на сложени и стожерни (главни) актерски ролји реализирани во дела како од домашниот репертоар, светска драмска класика, така и од современата драматургија. Бројката на неговите главни ролји е голема а за дел од нив има добиено и престижни награди. Негови драги, главни и забележани ролји се:

Ликот на Протасов во пиесата „Деца на сонцето“ Креонт во „Антигона„ Агатон во „Нажалена фамилија“ Аџи Трајко во „Бегалка“ Горчин во „Скок преку кожа“ потоа Златан во „Робот и Агата“ Евросим во „Црноборје“ Шандебиз во „Мушички во главата“ Борис поп Стафанов во „Мацедонише Цуштенде“од Јордан Плевнеш, Букара во „Хамлет од Мрдуша“, Големанов во истоимената претставата „Големанов“. Неговата драга улога на Аџи Јанкула во комедијата „Солунски патрдии“ на Миле Попоски. Рампо Рајатоски во претставата „Не сега драга најдобро е поладне“ а со оваа улога влегол како гостин актер во драмски театар во истоимената претстава. Гостин актер бил и во битолскиот народен театар. Потоа улогата на професор Павлович во „Собирен центар“ , Киро во претставата „Полковникот птица“…

Учествувал и играл во голем број на ТВ драми, ТВ серии меѓу кои е детската серија„ Втора смена“ „Волшебното самарче“,„Итар Пејо“ како и ТВ серијата „Солунски патрдии“ но и повеќе радио-драмски остварувања. Посебно го негува рецитирањето со кое што настапува на многубројни градски и републички манифестации.

Треба да знаете
Последни објави