Search

Потпретседателот на СДСМ го осуди нападот на ЛГБТИ-активистот Асани

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров го осуди нападот над ЛГБТИ- активистот Беким Асани и преку социјалните мрежи побара сторителите час поскоро да бидат откриени.

„Поддршка за Беким. Сторителите мора да се најдат и да се казнат. Време е и конeчно да сфатиме дека само со еднакво општество, во кое сите уживаат еднакви права, без дискриминација, цврсто можеме да чекориме кон иднината. Нема друга опција! – напиша на својот фејсбук Петров.

Беким Асани, претседател на невладината „ЛГБТИ Јунајтед“ од Тетово, бил физички нападнат од две лица во близина на канцеларијата на организацијата. „Бев во автомобил, и друго црно големо возило дојде накај мене. Му велам пројди, има место. И тој отвори прозорец, почна да вика и тогаш ми рече ,,А ти си тој педерот”. Излезе од неговиот автомобил, ја отвори вратата од мојот автомобил и ми удри бокс. Уште четворица беа со мене во кола, ми велат, вози остави. Велам не, морам да пријавам во полиција. Тогаш излезе и тој другиот од црното големо возило и ме удри со клоца во стомак и бокс во лице. Потоа си заминаа и полицијата дојде. Направија записник и јас заминав прво дома па в болница зашто повраќав. Таму има камери, се е снимено. Планирам да купам пиштол и јавно да го објавам тоа. Не може секој што ќе ме препознае да ме тепа. Јас сум на антидепресиви секој ден и ова е опстанок. Ама решен сум да живеам тука и да се борам. Веќе седум години не сум се движел пешки во Тетово никогаш – ја раскажа непријатната случка која Асани.

Полицијата го регистрирала нападот. Асани е повреден, но се чувствува добро. И лани во јуни, по завршувањето на парадата на гордоста во Скопје, Асани беше нападнат во Сарај.

 

Треба да знаете
Последни објави