Search

Потврден првиот случај на Ковид-19 во Хрватска

Во Хрватска е потврдено дека еден човек кој бил во Милано е заразен со новиот коронавирус.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по седницата на кризниот штаб за коронавирусот, изјави дека се работи за е помлад маж кој во моментов е на Клиниката за инфективни болести во Загреб.

Тој додаде дека станува збор за помлад пациент кој меѓу 19 и 21 февруари бил во Миано и е во добра состојба.

Се уште се очекува обраќање на директорот на Клиничкиот болнички центар Ријека кој треба да информира за состојбата на деветмината Хрвати кои се хоспитализирани по враќањето од Италија.

Треба да знаете
Последни објави