Search

Посебен сообраќаен режим поради концертот на Здравко Чолиќ

Посебен режим на сообраќајот ќе биде воведен попладне поради концертот на српскиот пејач Здравко Чолиќ кој ќе се одржи вечерва на стадионот „Тодор Проески“ со почеток од 21 часот.

Како што информираат од МВР, посебен режим ќе биде воведен во периодот од 18 до 23  часот.

 

Истиот ќе се состои од периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот Илинден, улицата Аминта Трети и улицата Наум Наумовски Борче.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.

Треба да знаете
Последни објави