Search

Поранешeн кинески државјанин на Кинезите им откривал информации за Јапонија

Tрговска компанија во Токио пријавила еден од своите вработени (60) во обвинителството и полицијата за наводно откривање на 3Д-мапа на трета страна во Кина, веројатно како дел од операцијата за шпионирање, соопштија денеска истражните органи.

Вработениот, кој е поранешен кинески државјанин и сега натурализиран Јапонец, е осомничен дека купил дигитални податоци од „Нипон телеграф“ и „Телефонска корпорација“ (НТТ) под изговор дека ги користи за свои маркетинг-цели, пренесува Кјодо.

Во моментот полицијата испитува со кого бил човекот во контакт затоа што веруваат дека картата, купена за 19.000 долари на хард диск, била однесена во Кина за воена употреба.

Според НТТ, 3Д-мапата е составена од сателитски податоци на јапонската агенција за воздухопловство и други извори.

Мажот е осомничен и за давање други снимки на Кинезите.

Треба да знаете
Последни објави