Search

Поранешниот претседател на Судан се појави во јавноста за првпат по државниот удар

Поранешниот претседател на Судан, Омар ал-Башир, во неделата беше обвинет за прекршоци поврзани со корупција откако за првпат по неговото отстранување од власт во април се појави во јавноста.

Војската го отстрани од власт по неколку месеци масовни протести против неговото 30-годишно владеење – оттогаш тој беше во притвор во главниот град Картум.

Облечен во традиционална бела облека и турбан, Башир пристигна во канцеларијата на обвинителот со насмевка на лицето, а само неколку минути подоцна тој излезе оттаму и се упати кон возилото што го чекаше, откако обвинителите ги прочитаа обвиненијата против него.

Башир беше во затвор во северниот дел на Картум откако војската го отстрани од власт и го уапси на 11 април, по 16-неделните улични протести.

Демонстрациите започнаа во декември 2018 година, кога владата воведе итни мерки за штедење и остра девалвација на валутата за да го спречи економскиот колапс.

Протестите започнаа во источниот дел на Картум, како резултат на намалувањето на субвенциите за леб и гориво, но наскоро се проширија низ целиот главен град.

Треба да знаете
Последни објави