Search

Поранешниот американски маринец обвинет за шпионажа, денеска пред суд во Москва

Американскиот државјанин, Пол Велан, кој е во притвор во Москва под сомневање за шпионажа, денеска ќе се појави пред суд, а неговиот адвокат изјави дека кај поранешниот американски маринец пронајдени се документи со државни тајни.

Како што и се очекуваше, на Велан ќе му биде продолжен притворот, пренесе агенцијата АП.

Адвокатот на Велан, Владимир Жеребенков, за агенцијата „Тасс“ рече дека може да потврди оти во текот на притварањето на Велан кај него имало некои документи со државни тајни, додавајќи дека не може да изнесе повеќе детали.

Велан беше уапсен во Москва кон крајот на декември минатата година.

Во Русија, за шпионажа е предвидена затворска казна до 20 години, пишува АП.

Инаку, Велан е поранешен маринец од Мичиген, а неговиот брат изјави дека во Москва отпатувал за да присуствува на свадба.

Треба да знаете
Последни објави