Search

Поранешната Мис Македонија ќе стана водителка – Вера Мештеровиќ ќе ги разубавува утрата на Канал 5

Поранешната Мис на Македонија, убавицата Вера Мештеровиќ на Инстраграм се пофали дека започнува со сосема нов ангажман. Имено, Вера станува водителка и гледачите ќе имаат можност да ја гледаат секој ден на Утринската програма на Канал 5. Таа во статусот што го напиша им се заблагодари на поддршката на своите нови колешки.

„Здраво Македонијо, утринска програма на Канал 5 телевизија од денеска на мое големо задоволство се дружам со Вас драги гледачи покрај малите екрани заедно со моите колешки: Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска на кои им благодарам за топлото добредојде и на целиот колектив позади камерите.

Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети, рецепти, информации и секако актуелни теми за кој ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење. Ви посакувам убав ден,секое добро, се гледаме на Канал 5 ТВ во 6:50часот“, напиша Мештеровиќ.

Преземено од Скопје24

Треба да знаете
Последни објави