Search

Поранешната девојка на исчезнатиот фудбалер објави емотивна илустрација на „Инстаграм“

Беренис Шкаер, поранешната девојка на исчезнатиот аргентински фудбалер Емилијано Сала, ги повика британските власти да продолжат со потрагата. Русокосата моделка не крие дека е очајна поради трагедијата што го погоди фудбалерот, а на својот инстаграм-профил објави емотивна илустрација на која е прикажано дека Сала е спасен и излегува од морето.

Сè уште има многу места каде што Емилијано Сала и пилотот може да се најдат, зошто ја завршивте потрагата, а не поминаа 72 часа? Семејството е очајно и чека одговори “, напиша Беренис на „Инстаграм“. Емотивната илустрација трогна илјадници луѓе кои молат во коментарите да продолжи потрагата и замеруваат што била прекината по два дена.

Треба да знаете
Последни објави