Search

Поранешен терорист тврди дека во Европа шетаат многу опасни луѓе

Поранешен припадник на Ал Каеда и на британската разузнавачка служба во интервју за унгарскиот неделник „Хетек“ рече дека многу опасни луѓе  слободно шетаат низ Европа и дека мигрантската криза претставува потенцијална закана за Европа, па државите треба да се бранат од субверзивни идеологии.

„Инаку, никој нема да биде безбеден”, рече Дин, кој се приклучи на Ал Каеда како тинејџер, според агенцијата В4НА.

Дин рече дека во моментов се чувствува побезбедно на улиците на Будимпешта, па дури и  Саудиска Арабија, отколку во Париз и Брисел каде што „многу опасни лица шетаат низ улиците.”

Тој смета дека муслиманските имигранти мора да се интегрираат во општеството и треба да бидат благодарни што се прифатени и имаат повеќе слобода да дејствуваат во согласност со нивната религија во Европа отколку каде било на друго место во арапскиот свет.

Дин, кој беше еден од основачите на Ал-Каеда, изјави дека почнал да губи верба во организацијата во моментот кога таа почнала да регрутира цивили.

Треба да знаете
Последни објави