Search

Поранешен канадски дипломат уапсен во Кина

Поранешниот канадски дипломат и вработен во Меѓународната кризна група, Мајкл Ковриг беше уапсен од кинеските безбедносни служби во Пекинг, организацијата објави во денес.

Ковриг работи советник на организацијата за североисточна Азија, од каде што изјавија дека не добиле никаква информација за него од неговото апсење, поради што се загрижени за неговото здравје и безбедност.

Кинескиот министер за надворешни работи одби да зборува за инцидентот.

Немам што да ви понудам. Ако тоа навистина се случило, ве уверувам дека надлежните ќе се справат со ова согласно законите и прописите“, рече министерот Лу Канг, додавајќи дека организацијата не е регистрирана во Кина, па секој што работи таму во нејзино име го прави тоа нелегално.

Исчезнувањето на Ковриг следува кратко по апсењето на Менг Ванжу, финансиската директорка на кинеската технолошка компанија „Хуавеи“, од страна на канадските власти.

Портпаролот на Стејт департментот, Роберт Паладино, исто така, изрази загриженост за исчезнувањето на Ковриг и им порача на кинеските власти да престанат со произволно апсење, како и да ги ги почитуваат слободите на сите поединци согласно своите заложби за човекови права.

Треба да знаете
Последни објави