Search

Поради отсуство на судијката се одложи „Тортура”

Рочиштето за случајот „Тортура” каде првообвинет е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, се одложи поради отсуство на судијката Александра Ристеска, објави „Телма“.

На денешното рочиште требаше да сведочат петмина сведоци меѓу кои и Орце Камчев и Оливера Трајковска.

Следното рочиште е закажано за 19 октомври. Сличајот „Тортура” е за нечовечко и понижувачко апсење на Љубе Бошкоски по наредба на Сашо Мијалков пред осум години во случајот „Кампања“.

Покрај Мијалков, на обвинителната клупа е и екс командантот на единицата „Алфа” Ивица Анчевски – Пуки и уште четворица полицајци кои учествуваа во апсењето на Бошкоски во ресторанот „Воденица”.

Треба да знаете
Последни објави