Search

Поради невреме авионот на Заев не можеше да слета во Скопје

Поради невреме авионот на Заев не можеше да слета во Скопје

Повеќе од половина час, авионот со кој леташе премиерот Зоран Заев и дел од владината делегација, кои се враќаа од економскиот самит во Давос, Швајцарија не можеше да слета поради снежното невреме во Скопје.

Пилотот неуспешно неколку пати се обидел да го приземји авионот, по кружењето над Скопје. Според информациите на 24инфо слетувањето било пренасочено на аеродромот во Софија, Бугарија.

Заев требаше веќе да биде во партсикото седиште на СДСМ, каде пред Централниот Одбор на кој ќе се одлучува за двојни избори, се одржуваат координација и извршен одбор.

Треба да знаете
Последни објави