Search

Помпео в петок ќе го посети Бразил

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, в петок ќе го посети Бразил, каде ќе одржи состанок со бразилскиот министер за надворешни работи Ернест Араужо.

Тој исто така ќе замине во бразилскиот град Боа Виста близу границата со Венецуела, во посета на мигрантите од Венецуела, додека Вашингтон го засилува притисокот за соборување на претседателот Николас Мадуро.

Помпео, исто така, ќе ги посети Колумбија, Суринам и Гвајана од 17 до 20 септември, за да се состане со лидерите на тие држави. Стејт департментот наведува дека посетата „ја нагласува посветеноста на САД за одбрана на демократијата”.

Треба да знаете
Последни објави