Search

Помладиот брат на Јанис Адетокунбо во Лејкерси

Лос Анџелес Лејкерс продолжија со летната селекција и во текот на викендот, откако го привлекоа Костас Адетокунбо во неделата. Костас (21) е помлад брат на актуелниот освојувач на наградата „МВП” на Националната кошаркарска асоцијација – Јанис Адетокунбо. Тој беше ослободен пред неколку дена од Далас Маверикс и потпиша со Лејкерси како слободен агент.

Костас, кој е четвртиот од вкупно петте браќа, стана дел од НБА пред една година, но во својата деби сезона во Лигата учествуваше само во два натпревари.

Од петте браќа Адетокунбо, четири се вклучени во кошарка. Танасис, 27 и 24-годишниот Јанис, се дел од Милвоки Бакс, а Костас веќе е во Лос Анџелес Лејкерс, а 17-годишниот Александрос се очекува да стане дел од лигата за две години. Само најстариот брат, Френсис, не се занимава со кошарка. Тој е професионален фудбалер.

Треба да знаете
Последни објави