Search

Пол-позицијата во Монца за Леклер

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз во квалификациите за Гран-при на Италија, со резултат 1,19,307.

До Леклер во првата линија ќе биде пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон, кој попладнево доцнеше зад Леклер за 0,039 секунди.

Од вториот стартен ред ќе тргнат третопласираниот во квалификациите Валтери Ботис од Мерцедес и Себастија Фетел од Ферари кој имаше четврто време.

По пилотите на Ферари и Мерцедес од 5-10 позиција на стартот ќе се најдат: Даниел Рикиардо (Рено), Нико Хулкенберг (Рено), Карлос Саинц (Мекларен), Александар Албон (Ред Бул), Ленс Строл (Ресинг поинт) и Кими Раиконен (Алфа Ромео).

Главната трка од Ф1 шампионатот за Големата награда на Италија е утре со почеток во 15:10 часот.

Треба да знаете
Последни објави