Search

Полска, Унгарија и Чешка го прекршија законот на ЕУ за имигрантите

Судот на правдата на Европска Унија денеска пресуди дека Полска, Унгарија и Чешка го прекршиле законот на ЕУ, со тоа што одбија да примат бегалци, во согласност со квотите за распределба на миграните, со цел да се подели товарот со земјите кои беа најмноги погодени од мигрантскиот бран во 2015 година.

Судод во Луксембург во образложението на пресудата наведува дека непримањето на мигранти и наштети на единството на ЕУ.

– Одбивањето да се почитува привремениот механизам за релокација на апликантите за меѓународна заштита, Полска, Унгарија и Чешка не ги исполнија своите обврски согласно законот на ЕУ, се посочува во образложението на одлуката.

Треба да знаете
Последни објави