Search

Полска размислува за отворање воени болници на отворено

Полска ја зајакна обуката за медицински сестри и размислува за отворање воени монтажни болници на отворено, имајќи го предвид денешниот рекорд од 6.526 заразени лица, изјавија полските здравствени власти.

Министерството за здравство соопшти дека земјата засега има доволно болнички кревети и респиратори за борба против коронавирусот, но не исклучува дека има недостиг на медицинска опрема во одредени места.

Од денеска, дури 6.084 болнички кревети се зафатени од пациенти заразени со Ковид-19, а на респиратори се вклучени 467, од околу 1.000 со кои располага Полска.

Опозицијата и некои лекари ја обвинуваат Владата во Варшава дека не го подготвила здравствениот систем за втор бран на Ковид-19.

– Немам охрабрувачки информации. На раб сме на катастрофа. Потребни се уште тестирања, затворање на училиштата и поголема поддршка за лекарите во борбата против коронавирусот. Наместо тоа, се обвинуваат лекарите, изјави имунологот Павел Грчешовски.

Треба да знаете
Последни објави