Search

Полска: По убиството на Адамович, на социјалните мрежи повици за нови убиства

По убиството на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамовиќ, полицијата во Полска соопшти дека уапсила три лица кои повикувале на нови убиства преку социјалните мрежи.

Адамович, беше нападнат со нож во неделата вечерта на добротворен настан. Градоначалникот веднаш по нападот, на кој беше прободен со нож во срцето, беше пренесен во болница, каде што дежурниот лекар Јержи Карпински ја оцени неговата состојба како многу сериозна и беше подложен на операција, објави полската новинска агенција ПАП, но тој им подлегна на повредите во болница.

Засега не е познато на чие убиство повикувале уапсените, објави АП.

Треба да знаете
Последни објави