Search

Полицијата приведе четворица албански државјани

Скопје, 15 јуни 2019 (МИА) – На 14.06.2019 година во 17:00 часот во Полициското одделение Групчин биле приведени А.Ш.(20), Д.Ш.(29), Ш.Ф.(47), Ш.К.(20) и З.Ш.(43), државјани на Република Албанија. Во центарот на селото Ларце, Тетовско, полициски службеници ги затекнале и констатирале дека немаат потврда за регулиран престој во Република Северна Македонија. Подоцна, било утврдено дека две од лицата се обиделе да извршат кражба во куќата на А.И.(74) од с.Ларце. Лицата биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави