Search

Полицијата ги зела снимките од ресторанот на „Боемска“ од каде тврделе дека снимачите од видеонадзорот се украдени

Полицијата ги зела снимките од ресторанот на „Боемска“,  во која вчера бил Христијан Мицксоки и каде на пазарните инспектори не им бил дозволен влезот, но од каде тврделе дека снимачите од видеонадзорот се украдени, објави „360степени“.

Од Јавното обвинителство за „360 степени“ велат дека им стигнал допис за настанот во доцните вечерни часови. Како испраќач на документот го наведуваат СВР Скопје.

„Со писменото известување беше побарано од Обвинителството да издаде барање за обезбедување на потребните податоци – видеозаписи од надзорни камери за да се обезбедат докази за извршено кривично дело. По приемот на писменото известување, дежурниот јавен обвинител издаде барање за доставување податоци до угостителскиот објект, а тоа барање треба да го извршат овластени службени лица од СВР Скопје кои го поднесоа писменото известување, велат од ЈО.

Неофицијално, откако полицијата од Обвинителството го добила барањето за обезбедување на потребните податоци – видеозаписи од надзорни камери, од ресторанот рекле дека такво нешто немаат, зашто носачите за снимките им се украдени. Поради сомнеж дека не е така, од МВР побарале и добиле наредба за претрес на објектот од судија на претходна постапка. По извршениот претрес, носачите на снимките биле пронајдени и подигнати заради понатамошно постапување.

 

Треба да знаете
Последни објави