Search

Полицијата вчера санционирала над 50 возачи во Скопје

Седумнаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 од 13-те сообраќајни незгоди што во изминатите 24 часа се случиле на подрачјето на СВР Скопје. 

 

Сообраќајната полиција санкционирала 51 возач што се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 25 возачи.

Според полицискиот извештај, 21 управувале возило пред да се стекнат со право на управување моторно возило, четворица почетници, едно возило било технички неисправно, пет нерегистрирани и двајца поради претовар.

Непрописно биле паркирани 65 возила, а  пајак службата подигнала 50 моторни возила.

Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, еден пешак поминал на црвено светло, тројца возачи поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците, еден неправилно престигнувал,  еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, четворица возачи се санкционирани за некористење заштитен шлем.

Одделението за превенција во рамки на сообраќајно воспитната проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” денеска ќе реализира едукативни работилници.

Треба да знаете
Последни објави