Search

Полицијата во Бејрут испука солзавец, демонстрантите се обидуваат да влезат во парламентот

Либанската полиција денеска испука солзавец кон демонстрантите кои се обидоа да ја пробијат оградата и да влезат во  парламентот во центарот на Бејрут.

Стотици демонстранти започнаа да се собираат на плоштадот во центарот на Бејрут, незадоволни од одговорот на Владата за експлозијата во која пристаништето и поголемиот дел од градот беа целосно уништени, а 154 лица загинаа.

Некои Либанци исто така повикуваат на интервенција на странски сили.

Демонстрантите извикуваа „луѓето сакаат режимот да паѓа“ и држеа плакати на кои пишуваше „Одете си, сите сте убијци“.

https://youtu.be/h_1zO1dp2RY

Владата вети дека одговорните за експлозијата ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Локалните жители, кои го расчистуваат урнатините на куќите, се жалат на корумпираната влада, која уште еднаш ги изневери.

Дури и пред експлозијата, Либан се соочи со протести , како резултат на длабоката економска криза во земјата.

– Ние не веруваме во нашата влада. Би сакале обединетите нации да го преземе Либан – рече студентката Селина Дибо, чистејќи ја крвта од sидовите на зградата во која живее.

Либанската партија Катаеб, христијанска група која се спротивставува на владата, објави денеска повлекување на тројца нејзини заменици од парламентот.

Треба да знаете
Последни објави