Search

Полицаец под истрага поради напад на тројца гостиварци

Полицаец е под истрага, поради обвинувања дека употребил прекумерна физичка сила против тројца гостиварци. Како што информира МВР, се започнало вчера на полноќ кога полицијата бркала 19- годишно момче кое возело без дозвола.

19-годишниот Ј.Р. пријавил во полиција заедно со неговиот татко ноќта во селото Топлица, во близина на бензиската пумпа, додека управувал возило „опел кадет“ со српска национална ознака, забележал полициска патрола, но поради тоа што немал возачка дозвола, за да ја избегне полициската контрола свртел со возилото во правец на селото Врапчиште. Со него во возилото биле и лицата Ј.Ј., Ш.М. и Е.Б.

,,По возилото се упатила полициската патрола и со пуштено ротационо светло се движеле позади нив, но пријавителот не застанал, туку продолжил да се движи кон с.Топлица, каде застанал во близина на основното училиште. Тогаш од полициското возило излегле тројца полициски службеници. Полицискиот службеник Ј.Ј. вработен во Полициско одделение Галате при превземањето на службени дејствија ги пречекорил границите на службеното овластување и употребил прекумерна физичка сила удирајќи ги Ј.Р. Ј.Ј., Е.В. и Ш.М. од Општина Врапчиште. Известен е јавен обвинител, како и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР и се преземаат мерки за расчистување на случајот”, информира МВР.

Треба да знаете
Последни објави