Search

Покренато обвинение против најбогатата жена во Африка, Изабел дос Сантос, ќерката на поранешниот претседател на Ангола

Најбогатата жена во Африка, поранешната прва ќерка на анголскиот претседател, Изабел дос Сантос, и официјално е обвинета за серија кривични дела, меѓу кои се измама, проневера и перење пари, како и тргување со влијание, јави Би-Би-Си.

Адвокатот Хелдер Пита Гроз изјави дека обвиненијата се однесуваат на времето кога Дос Сантос била претседателка на државната нафтена компанија „Сононгол” , што ја раководела 1,5 година од јуни 2016 година.

Таа водела и неколку други анголски јавни претпријатија и имала удели во групации во Португалија, особено во банкарскиот сектор.

Покрај Дос Сантос обвинети се и неколку други лица.

Пита Гроз уште доддаде дека по обвинетите ќе биде издадена меѓународна потерница, доколку во законскиот рок не се јават пред анголските власти.

Обвиненијата против Изабел дос Сантос беа откриени во неделата во документите на Луанда Лејкс, што ги објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ).

Треба да знаете
Последни објави