Search

Покетино: Рамос се бори со повредите, но тој е силен и наскоро го очекувам во тимот

Тренерот на францускиот фудбалски тим Пари Сен-Жермен, Аргентинецот Маурисио Покетино, зборуваше за искусниот дефанзивец Серхио Рамос. Триесет и петгодишниот фудбалер кој пристигна од Реал Мадрид се уште нема играно за својот нов клуб поради повреда на телето.

-За жал, Рамос се уште не тренира со тимот, но тој е блиску до тоа. Да се ​​надеваме дека ова ќе се случи што е можно поскоро. Задоволни сме од напредокот во неговата рехабилитација. Тој е голем шампион, никој не се сомнева во неговото ниво и талент. Сега не го има најдобриот период, но е силен. Нема сомнение дека Рамос е еден од најдобрите централни бекови во светот, изјави Покетино.

Рамос кој минатата сезона се мачеше со повреди, по доаѓањето во ПСЖ, повторно се повреди (левото колено) и е надвор од терените од почетокот на сезоната.

Треба да знаете
Последни објави