Search

Познат идентитетот на загинатиот возач од сообраќајката кај Кичево

Ј.С. (58) од кичевското село Лавчани загинал во вчерашната страотна сообраќајна несреќа што се слуил на магистралниот пат Кичево-Охрид, информира СВР Охрид.

Според полицијата, сообраќајката се случила по директен судир на автомобил „пасат“ и автмобил „сузуки марути“.

-Сообраќајката се случи во 13.55 часот, на магистралниот пат Кичево –Охрид, во близина на кракот за кичевското село Добреноец. Критичното време дошло до судир на автомобил „сузуки марути“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Ј.С. (58) од селото Лавчани и „пасат“ со кичевски ознаки, управувано од С.С. (30) од Кичево. Од силината на ударот Ј.С. (58) возачот на „марутито“ починал на самото местои, а С.С. (30) и сопатникот С.С. (51) , се здобиле со телесни повреди. изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Автомобилот „сузуки“ се движел од Охрид кон Кичево, и по ударот се превртел на кровот.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави