Search

Познати се клубовите кои добиле покана од ФИФА за формирање на европска премиерлига

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) во соработка со големите европски клубови од петте најсилни лиги на „стариот континет“ започна да работи на проектот за формирање на европска премиер лига. Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) остро се спротивставува на вакават идеја.

Планот е новата лига да стартува во 2022 година, а тоа би значело и крај на сегашнното елитно европско клупско натпреаврување Лига на шампионите. Најголем дел од европските гиганти прифатиле да бидат дел од оваа лига, која би требало да има 16 или 18 клубови.

На листата со клубови на кои им било понудено место во новоформирана европска лига се најдоа: Ливерпул, Манчестер јунајтед, Арсенал, Челзи, Манчестер сити и Тотенхем од Англија, потоа Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид од Примера дивисион, како и ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен.

 

Треба да знаете
Последни објави