Search

Познати полуфиналните двојки во Лигата на нации

УЕФА  ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир на второто издание на Лигата на нации, кој идниот октомври ќе се одржи во Италија.

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат домаќинот Италија и Шпанија, додека вечерашната жрепка во Нион одлучи во второто полуфинале да се сретнат Белгија и Франција.

Италија ќе ја пречека Шпанија на стадионот „Сан Сиро” во Милано на 6 октомври 2021 година, додека ден подоцна Белгија и Франција ќе играат за влез во финалето на стадионот на Јувентус во Торино.

Финалето ќе се игра на 10 октомври на „Сан Сиро”.

Треба да знаете
Последни објави