Search

Познати брендови одлучија малолетните моделки да не учествуваат во ревиите на познати дизајнери

Малолетните модели веќе нема да носат модели на Гучи, Сен Лорен и Александар Меквин на модни ревии, одлучи компанијата „Керинг“ и рече дека оваа одлука ќе почне да се применува од колекцијата есен-зима во сезоната 2020/2021 година.

„Мораме да бидеме одговорни и да бидеме вистински примери во областа на луксузната мода. Се надеваме дека другите ќе го следат нашиот пример“, рече извршниот директор на компанијата, Франсоа Анри Пино.

Мари Клер Даву од „Керинг“ рече дека моделките постари од 18 години се физички и психички позрели, што е важно за ритамот и барањата на манекенската професија. Основачката на сојузот на манекенки, Сара Зиф, ја поздрави одлуката на „Керинг“ и додаде дека ова е позитивен чекор кон отстранување на притисокот под кој се моделките, бидејќи мора да го зачуваат адолесцентскиот изглед.

Во август минатата година американската компанија „Конде Наст”, која го издава модното списание „Вог”, исто така, рече дека нема да ангажира моделки на возраст под 18 години, освен ако тема на снимањето се деца.

Повеќето од познатите моделки многу млади ја започнале својата професионална кариера, како што се Наоми Кемпбел, Кејт Мос и Брук Шилдс. Во моментов, најпозната млада моделка е 17-годишната Каја Гербер, а на модната писта, во последно време, често излегува Хадсон Крениг, која има 11 години.

Треба да знаете
Последни објави