Search

Позната британска актерка и модел им се нафрли на модните списанија

Британската актерка и модел Џамила Џамил на својот твитер-профил постави неколку насловни страници на светски списанија на кои се познати личности кои имаат повеќе од 50 години. Таа забележала дека мажите и жените се третираат поинаку, барем што се однесува до фотошопот.

Фотошопот е еден вид оружје против жените: погледнете ја разликата. Мажите изгледаат речиси исто и сè уште се секси во ХД. Жените едноставно немаат право на своите години. Мажите можат да ја слават сегашноста, а жените мора да се плашат од неа“, напиша Џамила.

На речиси секоја фотографија, жените кои имаат над 50 години нè изненадуваат со својата неприродно мазна кожа, така што секоја триесетгодишничка може да им позавиди.

Она што никаде нема да го забележите е дека на мажот му се измазнети брчките и тој е претставен како двојно помлада личност.

На пример, Џулиен Мур само што наполни 58 години и е фотошопирана. Но никој не се обидува да ги скрие брчките на 54-годишниот Бред Пит.

Треба да знаете
Последни објави