Search

Пожар во хотел во Буенос Аирес

Најмалку две лица загинаа во пожар, што изби во хотел во Буенос Аирес.

Една од жртвите е полицајка која учествувала во спасувачката акција, додека другата жртва е жена која се наоѓала во хотелот во моментот кога избил пожарот, пренесе „ТАСС“.

Службата за вонредни ситуации соопшти дека 52 лица се пренесени во болница по пожарот, додека медицинска помош им е пружена на 60 лица, на лице место.

Пожарот кој изби на петтиот кат од зградата е изгаснат.

Се истражуваат причините за пожарот.

Треба да знаете
Последни објави