Search

Пожарот во Радишани предизвикан од невнимание при заварување

Пожарот кој вчера избувна во непосредна близина на бензинска пупа во скопската населба Радишани, настанал од невнимание при заварување во автомеханичарски сервис.

Како што информираат од МВР, огнот избувнал додека Н.Р.(43) и З.Е.(29) заварувале со оксигенска боца.

Притоа опожарени биле повеќе паркирани возила на плацот и три магацински простории, а пожарот бил изгаснат од противпожараната единица од Скопје.

Увид на местото на настанот ќе биде извршен од екипа од СВР Скопје во текот на денов.

Треба да знаете
Последни објави