Search

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментот се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“.

До неделата вечерта, 48 пожари сé уште беа активни, се вели во соопштението од владата на регионот Кантабрија, а понеделникот сабајлетопо интервенцијата што траела цела ноќ активни биле уште 32 пожари.

„Во текот на денот изброивме 50 пожари, а 760 луѓе од различни администрации работеа на нивното гаснење. За среќа нема едени,” се додава во соопштението.

Откако првите пожари избија во четвртокот во планинскиот регион, повеќето од нив беа во непристапни области и не беше доведено во опасност ниту населението ни инфраструктурата, додаде владата.

„Двајца луѓе се уапсени, изјави шефот на регионот Кантабрија, Мигел Анхел Ревија, на шпанската телевизија, додавајќи дека немало повредениа само 5 лица биле евакуирани.

Овој февруари е невообичаено сувпоследниот дожд во регионот заврна пред повеќе од една недела.

Треба да знаете
Последни објави