Search

Поетски перформанс „Танц со зборовите” во Кривопаланечката библиотека

Во  библиотеката „Кочо Рацин” на Националната установа Центар за култура Крива Паланка вечерва се одржа првата поетска манифестација „Танц со зборовите”, на која настапија членови на клубот на поети и читатели „Калин”.

Во рамките на настанот беа доделени и признанија за нај-читатели на годината за 2018 година.

– Литературниот  клуб „Како” постои повеќе од дваесет години, низ него минале бројни поети и уметници, а од минатата година клубот е проширен и со читатели, па плодотворно и квалитетно работи неколку месеци, афирмирајќи го творештвото на сегашното членство, со мотив бројот на љубители на пишаниот збор да се проширува. Со овој настан кој ќе претставува база на креирање различни активности, надополнети и збогатени, планирано е годинава да се рашири книжевната дејност и да допре до што поголема маса луѓе, рече директорката на НУЦК Крива Паланка, Мира Ѓоргиевска.

Настапија десет автори кои зад себе имаат издадено дела, но и поети и поетеси кои се уште го имаат творечкиот опус во ракопис.

– Со овој настан се промовира книжевното писмо на сегашното членство дел од нив припадници на првата генерација автори – основачи на клубот,  а истовремено беа истакнати и сите  роднокрајни писатели што се родени или потекнуваат од градот, додаде Ѓоргиевска.

На настанот беше доделено и признание за читател на годината во библиотеката за 2018 година, кое и припадна на Анка Стојановска, најистакнати читатели на библиотеката се Анета Ѓорѓиоска и Вероника Груевска, а за најредовен млад читател беше наградена осумгодишната Емили Куртишовска.

Треба да знаете
Последни објави