Search

Поддршка во борбата против поделбите и сегрегација во општеството по сите основи

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средба со Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние. На средбата се разговараше и се даде целосна поддршка во борбата против поделбите и сегрегација во општеството по основ на религија, етничка припадност и останати основи. Амбасадорот на Франција, се интересираше за функционирањето на администрацијата за време на техничката влада, како и за ефикасноста на Пржинскиот договор на влада за организирање на фер и демократски избори и за потребата за негово унапредување.

Министерката Мизрахи го информираше за сите предизвици со кои се соочува таа како министер, но и како жена во период на функционирање на техничка влада, но и во услови на големи поделби во општеството.

Заеднички ја потврдија важноста и заложбите за унапредување на родовата еднаквост и потребата од идна соработка во превземање на афирмативни мерки за зајакнување на местото и улогата на жените во општеството.

.

.

Треба да знаете
Последни објави