Search

Погрешно пресметале: Во нападите во Шри Ланка загинале 253, а не 360 лица

Шри Ланка го ревидираше бројот на загинати во бомбашките напади, и тој изнесува за над 100 помалку од претходно. Како што соопшти Министерството за здравство, бројот на загинати изнесува 253, а не 360, како што беше последно објавено. Од министерството велат дека се работи за погрешна пресметка.

Во меѓувреме, полицијата продолжува со рации и претреси на куќи, компании и локации каде наводно живееле осомничените напаѓачи. Објавени се фотографии од седуммина осомничени бомбаши самоубијци. Силите на редот побараа помош од јавноста за да ги фатат осомничените. Досега се у

Бомбаши самоубијци извршија напад врз хотели и цркви во областа Коломбо и источниот град Батикалоа. Во нападите стотици луѓе беа повредени. Поголем дел од нив биле од Шри Ланка, но исто така има и странци. Осомничени за нападите се деветмина напаѓачи.

Треба да знаете
Последни објави