Search

Погба се откажува од француската репрезентација поради изјава на Макрон

Од Франција пристигнуваат инфорамции кои ги пренесуваа англиските медиуми дека играчот на Манчестер јунајтед  Пол Погба ќе престане да настапува за репрезентацијата на „триколорите“  поради изјавата на претседателот Емануел Макрон против муслиманите.

По грозоморното убиство за францускиот професор од страна на исламски екстремист, претседателот на Франција даде изјава која навреди многумина муслимани.
Емануел Макрон рече: „Единството и цврстината се единствените одговори за монструозноста на исламскиот тероризам“.
Голем дел од муслиманскиот свет ваквата изјава ја протолкува како лична навреда. Голем дел од нив најавија бојкот на француските производи. Се навреди и Пол Погба кој ветил дека веќе нема да игра за француската репрезентација.
Засега ниту Погба ниту Фудбалската федерација на Франција официјално не потврдиле дека фудбалерот се откажува од националниот тим.
Треба да знаете
Последни објави