Search

Повредени моторџии во Кавадарци и Демир Хисар, еден од нив петнаесетгодишник

На патот мотел „Дреново” – Кавадарци вчера во 14.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф”, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(36) од село Возарци и мопед марка „баотијан”, без регистарски ознаки, управуван од Т.П.(28) од село Дреново.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот Д.П.(32) од село Дреново и бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Во Полициската станица Демир Хисар во 17.35 часот лекар од Итната медицинска помош Демир Хисар пријавил дека лекарска помош побарал 15 – годишен малолетник од село Бараково, кој се здобил со тешки телесни повреди при пад од мотоцикл.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што било констатирано дека во близина на крстосницата за с.Света, малолетникот, управувајќи мопед „хамачи”, со демирхисарски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. За настанот бил известен Јавен обвинител.

Треба да знаете
Последни објави