Search

Повеќе од 200 креации како дел од поставката „Уметност и архитектура“ изложени на Меѓународниот Балкански Универзитет

Повеќе од 200 дела се дел од изложбата „Уметност и архитектура“ поставена во универзитетскиот кампус на Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ). Делата на зададената тема се изработени од студентите на Факултетот за уметност и дизајн и Факултетот за инженерство – студиска програма Архитектура.

Поставката се состои од слики, цртежи, постери, креации за индустриски дизајн и фотографии од студентите од студиските програми за уметност и дизајн, макети, заедно со цртежи на резиденцијални објекти, ентериер, театри, јавни објекти, проекти за урбанизам и други објекти кои беа во фокусот на студентите по архитектура. Секој од експонатите претставува ново видување на предметите и објектите и нова естетика произлезена од свежата младешка енергија и креативност.

На отворањето на изложбата говореа Ректорот на универзитетот, проф. д-р. Мехмет Дурсун Ердем, Деканката на факултетот за уметност и дизајн, проф. д-р. Александра Ристовска и раководителот на Катедрата за архитектура проф. д-р. Александар Андовски.

Изложбената поставка којашто е од отворен карактер за целата јавност, ќе биде достапна за посета до 31ви мај 2019 година, во универзитетскиот кампус на Меѓународниот Балкански Универзитет.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави