Search

Повеќе од еден час доцни седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

Во секој момент се очекува да почне 135. собраниска седница што беше закажана за 11:00 часот и на која треба да се гласа за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители.

Во пленарната сала е раздвижено, пратениците веќе се собираат.

По завршувањето на 135-тата, треба да продолжи 123. седница на која пратениците се очекува да се изјаснат по предлог-измените на Законот за одбрана.

Напладне, пак, треба да се одржи 137. седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за негово распуштање во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

Треба да знаете
Последни објави