Search

Платно со Саздо на прославата на Мечкин камен, нападната Владината делегација

Платно со Саздо на прославата на Мечкин камен, нападната Владината делегација

Со говор на омраза кон Албанците, навреди, скандирања и извикувања на погрдни зборови беше проследена прославата на Илинден на Мечкин камен во Крушево. Припадници на неколку навивачки групи го попречуваа празнувањето на државниот празник на недоличен начин, а истите тие и подоцна ја нападнале владината делегација.

За време на положувањето цвеќе пред споменикот тие пееја „Македонија на Македонците“ и извикуваа „шиптарски пи*ки“, „мртов шиптар, добар шиптар“, „за шиптари гасна комора“. Навивачки групи организирано пристигнале од Битола, Кавадарци и Прилеп. Тие држеа платно со ликот на Никола Саздовски – Саздо, кој беше претепан до смрт пред еден месец во Скопје.

Во Крушево се обрати претседателот Ѓорге Иванов, кој упати остри зборови кон Владата, против Договорот со Грција.

Треба да знаете
Последни објави