Search

Пијан охриѓанец со нож влегол во ноќен клуб

Пијан охриѓанец со нож влегол во ноќен клуб и повредил вработен, ноќеска во Охрид, информираше МВР.

Инцидентот се случил околу 1 часот кога во ноќен клуб на улицата Коста Абраш. Тогаш охриѓанецот Ф.А.(25) влегол и извадил нож, по што почнал да вика. Тогаш В.Х.(43), одговорно лице во клубот,го оттргнал надвор пред објектот и се обидел да му го одземе ножот. При тоа бил повреден во показалецот од левата рака.

На В.Х. му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид, додека Ф.А. е приведен во полициска станица. По извршениот алкотест, кај него е констатирана голема количина алхохол во крвта. По расветлување на случајот протв него ќе биде поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави