Search

Пирло не зборува со играчите, атмосферата во соблекувалната кај Јувентус е напната

Повеќекратниот италјански фудбалски првак Јувентус оваа сезона игра лошо во Серија А. По девет одиграни кола е на дела од 4. до 7. место. Летово екипата ја презеде легендата на „старата дама“ Андреа Пирло под чие водство првичните резултати и атмосферата во клубот не се охрабрувачки.

Според „Кориере дело Спорт“ играчите на Јувентус не се задоволни од работата на Пирло, а најмногу му забележуваат поради фактот што тој не комуницирал со нив дирекно туку тоа го прават неговите помошници.

Првиот асистент во стручниот штаб Игор Тудор кажувал како ќе се играат натпреварите, додека за време на средбата од клупата командувал вториот помошник, Роберто Баронио. Јувентус викендов киксираше и одигра само нерешено против тимот на Беневенто кој сезонава е повратник во Серија А.

 

Треба да знаете
Последни објави