Search

Пилотите на „Рајанер“ во Ирска ќе штрајкуваат по неуспешнте преговори

Директно вработените пилоти на „Рајанер“ во Ирска ќе штрајкуваат 48 часа следната недела, соопшти во средата ирскиот пилотски синдикат „Форса/ИАЛПА“, откако преговорите не успеаја да резултираат со договор со компанијата во врска со предлозите за плати на унијата.

За да спречи штрајк на 22-23 август, раководството на „Рајанер“ требаше да даде контра-предлог до 14 август, што ќе ги опфати сите области на барањето на синдикатот.

„Немаше таков контра-предлог на денешната средба за медијација“, се вели во изјавата на „Форса/ИАЛПА“.

„Рајанер“ ги повика своите пилоти и синдикатот да се вратат на медијацијата со предлози што ги земаат предвид ниските цени на летовите и профитот на компанијата, се вели во посебната изјава на авиокомпанијата.

Ирските пилоти кои се членови на синдикатот „Форса/ИАЛПА“ минатата недела гласаа со големо мнозинство за поддршка на штрајкот, откако претходно ја обвинија авиокомпанијата за кочење на разговорите, откако барањата за плати беа доставени кон крајот на март.

Најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Европа претрпе голем број штрајкови пред една година по лошиот почеток на нејзиното признавање на синдикатите за прв пат, а сега се соочува и со штрајкови од нејзината кабинска екипа во Шпанија околу плановите на компанијата да затвори неколку бази во земјата

Треба да знаете
Последни објави