Search

Пешак во животна опасност, прегазен во Куманово

На 23.02.2020 во 17.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, во с.Старо Нагоричане на место викано „Попчевци“, патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.С.(69) од Куманово, удрило во пешакот С.С.(23) од Куманово. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болица Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави