Search

Пет цивили убиени во терористички напад во Турција

Пет цивили се убиени во напад извршен од Курдската работничка партија (ПКК), која во Турција е означена како терористичка организација, во југоисточната турска провинција Дијарбакир, пренесува „Хуриет дејли њуз“.

„Денеска во 6.30 часот во квартот Кулп, пет жители кои патувале со автомобил до шумата за да соберат огревно дрво, загинале во експлозија на импровизирана експлозивна направа, поставена од членови на терористичката ПКК. Нашите безбедносни сили почнаа операција за идентификување и фаќање на сторителите на нападот“, се вели во соопштението.

Во март, новинската агенција „Анадолија“ објави дека Анкара има намера да изгради база со беспилотни летала во источната провинција Ерзурум за операции против курдските милитанти.

Турската влада се бори против ПКК уште од раните 80-ти. ПКК/ЈПГ бараат да се формира курдска автономна држава, вклучително и со делови на Турција, што наиде на силен отпор во Анкара и предизвика рации против ПКК од страна на турските безбедносни сили.Турската војска ги напаѓа и курдските сили во Северен Ирак и тоа беше причината за нејзината воена операција во северна Сирија.

Иако страните потпишаа договор за прекин на огнот во 2013 година, вооружениот конфликт продолжи две години подоцна, во терористички напади извршени наводно од милитантите на ПКК.

Треба да знаете
Последни објави